Филмот „ЏГАН“ селектиран на фестивал во Гетеборг, Шведска

24/01/2017

 

Филмот „ЏГАН“ e селектиран на Филмскиот Фестивал во Гетеборг, Шведска, кој е еден од водечки филмски фестивал во нордиските земји. По светската премиера во Чикаго и неколкуте европски прикажувања и награди (Official Selection - Chicago IFF // Official Selection - Razor Reel // Official Selection - ExGround FF // Official Selection - Eastern Neighbours FF // Official Selection - Heimspiel FF // Official Selection - Braunschweig FF), филмот Џган продолжува да реди фестивалски успеси. „Џган“ своето прикажување пред шведската публика ќе го има на 29.01.2017 година во 22:00 часот, во натпреварувачката селекција на фестивалот.

Филмот кој е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network, е македонско-албанска ко-продукција. Македонски продуцент на филмот е „Дрим Фектори“, а ко-продуцент од Албанија е „Red helicopter films“.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски и др.

Поведен од слоганот на филмот дека “Никој не е роден насилен”, Вардан Тозија го изработи и сценариото и режијата, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на Звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.