Почнa снимањето на филмот „Жаба”

02/12/2016

 

 

Во Сараево започна снимањето на долгометражниот игран филм „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ, копродукција меѓу Rеfresh Production од Босна и Херцеговина, Адемир Кеновиќ,  Скопје Филм Студио од Македонија, Томи Салковски, Living Pictures од Србија,  Димче Стојановски и Propeller Film од Хрватска Борис Матиќ.

„Жаба“зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста, за силата потребна за да се надминат пречките кои животот ги поставува и за постигнувањето на среќа во секојдневниот живот со помош на малите нешта.

Автори на сценариото се Пјер Жалица и Елмир Јукиќ и тоа сe базира на истоимената драма од Дубравко Михановиќ.

Улогите ги толкуваат актерите Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан, Мирсад Тука и Моамер Касумовиќ. Покрај Елмир Јукиќ и Пјер Жалица авторската екипа ја сочинуваат Дејан Дамески кинематографер, монтажата е на Андрија Зафрановиќ, сценографијата е на Марио Ивезиќ, костимите се на Лејла Грахо, Игор Поповски дизајн на звук, а музиката ќе ја компонира Саша Лошиќ.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од националните филмски центри на земјите копродуценти како и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции Еуримаж.