Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Филмот „Исцелител“ со светска премиера на Солунскиот Филмски Фестивал

09/10/2017

 

Долгометражниот игран филм „Исцелител“ (работен наслов „Тајната состојка“) е селектиран на еден од најзначајните фестивали во Југо-источна Европа, „Солунскиот интернационален филмски фестивал“, во програмата „Balkan Survey“.

Проекцијата во Солун ќе биде воедно светска премиера на филмот кој е македонско-грчка копродукција.

„Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак. Тоа го доведува во безаизлезна ситуација помеѓу криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои во него гледаат нова надеж и исцелител.

Режисер и сценарист на филмот e Ѓорче Ставрески, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер е Мартин Иванов, автор на музиката е Бранислав Николов, Пеце Трајковски и Гоце Јовановски од групата Фолтин, а главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Диме Илиев и Симона Димковска. Филмот е реализиран со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на РМ, во продукција на Фрагмент филм, а како копродуцент се јавува Graal од Грција, а селс агент на филмот е компанијата Wide.

Повеќе податоци можете да најдете на официјалниот сајт на Солунскиот Филмски Фестивал.