Филмот „Доме, сладок доме“ награден во Германија

05/06/2017

 

Играниот филм „Доме, сладок доме“ во режија на Фатон Бајрактари од Косово беше прогласен за најдобар филм на фестивалот на Југо-Источна Европа во Берлин, а исто така ја доби и наградата за Најдобар актер за Донат Ќосија од младото фестивалско жири. Македонски малцински копродуцент на филмот е Арнел Продукција и истиот е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на РМ.