Филмот „Хармс“ на Филмскиот Фестивал во Шангај

16/05/2017

 

Филмoт „Хармс“, во режија на Иван Болотников, продуцент - Андреј Сигле, а во продукција на Пролајн Филм од Санкт Петерсбуг е вклучен како дел од главната натпреварувачка конкуренција на интернационалниот филмски фестивал во Шангај. Овој фестивал е од А категорија и е најголем фестивал во источна Азија, заедно со Токијскиот Филмски Фестивал.

Копродуцент на филмот е Мануфактура Продукција од Скопје, а во изработката на филмот учествуваа и повеќе филмски работници од Македонија. Посебно значајна улога е на копродуцентот Сашо Павловски, како и композиторот Сони Петровски, кој ја компонираше целата музика за овој филм.

Ова е прва официјална копродукција помеѓу Македонија и Русија, со учество на Литванија како втор копродуцент.

Инаку Пролајн Филм е најпозната како продукција која го произведе култниот филм на Александр Сокуров - Фауст, со кој во 2011 година ja освои главната награда - Златниот Лав на филмскиот фестивал во Венеција.