Филмот „Мртва природа“ селектиран на EAVE

11/01/2017

 

Дебитантскиот игран филм „Мртва природа“ во режија на Владимир Митревски, во конкуренција од 172 пријавени проекти од 51 земја, е селектиран за учество на најголемата работилница за проекти ЕАВЕ за 2017 година. Филмот е во продукција на „Dream Factory“, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

EAVE (European Audiovisual Entrepreneurs) е една од најпрестижните филмски работилници во Европа, која низ три сесии на селектираните проекти им овозможува професионален тренинг, развој и вмрежување, а покрај тоа самата селекција е своевидна референца за креативниот и комерцијален потенцијал на проектот. Оваа година ЕАВЕ ќе се одржи во Луксембург (2-9 Март), Лоѓ (19-26 Јуни) и Копенхаген (23-30 Октомври).

Инаку од 24 Јуни до 1 Јули 2015 година, Македонија беше домаќин на втората EAVE работилница, која се организираше во партнерство со Агенцијата за филм на РМ и каде што учествуваа 48 филмски професионалци од 30 земји.