Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Филмот „Кога денот немаше име“ награден на Фестивалот на Европски Филм во Лече, Италија

10/04/2017

 

На Фестивалот за Европски Филм кој од 3 до 8 Април 2017 се одржа во Лече, Италија, македонскиот филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска, ја освои наградата на Cineuropa.

Cineuropa, како еден од најважните портали посветени на Европскиот филм, оваа награда ја доделува во рамките на десетина фестивали низ Европа, вклучувајќи ги Берлин, Кан и Венеција. Жирито при оценувањето во предвид ги зема уникатноста и авторскиот јазик и со оваа награда  им помага на филмовите да остварат поуспешна дистрибуција во Европските кино мрежи. Исто така на наградените филмови им се овозможува презентација на нивниот интернет портал, кој има огромна читаност и релевантност во филмските професионални кругови.

Во Лече, трочленото жири составено од Cecile Despringre, Guillame Gallop и Asja Krsmanovic доделувајќи му ја наградата на филмот истакна: Cineuropa наградата ја доделуваме на филмот Кога денот немаше име, кој одсликува комплексни социјални проблеми на една млада генерација кои живеат на маргините на едно општество, отфрлени од дисфункционалноста и изгубеноста на семејствата. Приказната ја прикажува повеќеслојноста на едно општество во транзиција, каде национализмот и шовинизмот се наметнуваат како нови вредности. Режисерот со големо мајсторство им дава глас на новите генерации, кои се вклештени помеѓу патријахалните вредности и западните влијанија. Низ ненаметливи и спонтани дијалози режисерот не води низ атмосферата на еден обичен провинциски ден, кој ќе заврши неочекувано. 

Во Лече филмот го преставуваа двајцата актери Ханис Багашов и Стефан Китанович, кои и присуствуваа на свеченото затварање на фестивалот и ја примија наградата во име на филмската екипа.

„Кога денот немаше име“ во месец април продолжува по својата фестивалска патека на Филмскиот Фестивал во Линц, Австрија.