"Духот на баба Илонка" премиерно на Фестивалот на игран филм во Пула

21/07/2011

Играниот филм "Духот на баба Илонка", хрватско-австриско-македонска копродукција во режија на Томислав Жаја, на 19.07.2011 во 21:30 ч. беше премиерно прикажан во Националната програма на 58-то издание на  Фестивалот на игран филм во Пула. Филмот е музичка комедија со елементи на фантастика и го портретира животот на едно необично семејство низ очите на 10-годишно девојче. Во главните улоги се младите Селма Ибрахими и Марин Арман Грбин. Ликот на баба Илонка го игра Сабина Ајрула, а покрај неа играат и Емран Куртисова, Северџан Бајрам, Ирфан Незир и Дилавер Муаремов. Од македонска страна филмот е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија, а има поддршка и од Европскиот филмски фонд - Еуримаж.

Фестивалот на игран филм во Пула се одржува од 9-ти до 23 јули. Тој е најпосетуван фестивал за филм во Хрватска.

Повеќе за „Духот на Баба Илонка“