Проектот „Сестра“ доби поддршка од SEE Cinema Network

10/11/2017

 

Во период од 8. до 9. ноември во Солун, Грција, присуствуваа претставници од земјите членки на Меѓународната филмска мрежа на Југоисточна Европа (SEE Cinema Network) од Албанија, Кипар, Грција, Романија и Србија, меѓу кои и в.д. директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, г. Горјан Тозија.

Долгометражниот македонски игран филм „Сестра“ во режија на Дина Дума, доби финансиска поддршка од SEE Cinema Network. Проектот е поднесен од продуцентската куќа Лист Продукција и беше едногласно изгласан со највисоки оценки од страна на претставниците на земјите членки.

Одлуката е донесена на 28. Генерално собрание на Меѓународната филмска мрежа на Југоисточна Европа SEE Cinema Network на кое беа разгледувани пријавените филмски проекти кои оваа година аплицираа за финансиска поддршка за развој на долгометражен игран филм и поддршка за краткометражни филмови.

Покрај останатото, на состанокот беше одлучено да се одобри барањето за членство во SEE Cinema Network на Филмскиот центар од Црна Гора и Центарот за кинематографија од Косово.