Заврши снимањето на краткометражниот филм „Кога не нема“

27/06/2016

Заврши снимањето на дебитанскиот краткометражен игран филм „Кога нè нема” во режија и сценарио на Стефан Палитов.

„Кога нè нема” е емотивна приказна за тоа како се справуваат со загубата оние што остануваат да живеат, откако нас веќе нè нема.

Улогите ги толкуваат Огнен Дранговски, Амернис Нокшиќи Јовановска и Јана Никодиновска. Директор на фотографија е Владо Димоски, сценограф е Влатко Зафирковски, а костимите се на Роза Трајческа Ристовска.

Филмот е во продукција на Квазар Филм и истиот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.