Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Краткиот филм „48“ стартува со фестивалскиот живот

29/08/2017

 

Краткиот игран филм „48“ на режисерот Владимир Митревски, во продукција на Дрим Фектори, стартува со својот фестивалски живот.

Имено филмот летово ја имаше својата премиера пред скопската публика, а интернационалната премиера ке ја има на специлизираниот фестивал за кратки филмови „NIDA SHORT FILM FESTIVAL“, во Литванија. Потоа следат фестивалите „BEAST INTERNATIONAL FILM FESTIVAL“ во Порто, Португалија, „GOZO IFF“ во Малта, „GOA INTERANTIONAL SHORT FF“, Гоа, Индија, за летниот фестивалски успех, да го заврши со премиера пред Битолската публика на фестивалот Браќа Манаки.

„48“ е приказна за млад свештеник кој својот живот го има посветено на црквата давајќи завет за целибат. Неговиот концепт за живот комплетно се менува откако на 48 часа пред крајот на светот, тој решава да му подлегне на искушението кое дотогаш го дефинирало како личност – сексот.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија. Главната улога во филмот ја толкува Димитрија Доксевски, заедно со Горан Стојановски и Сара Климоска.

Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: Директорот на фотографија Наум Доксевски, сценографијата во филмот ја креираше Владимир Зафирковски, костимограф е Раде Василев, монтажер е Филип Грчевски,дизајнер на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Во моментов Владимир Митревски го подготвува својот дебитантски игран филм „Оливер“.