Краткиот филм „Брат за еден ден“ продолжува со фестивалските успеси

11/01/2017

 

Краткиот игран филм „Брат за еден ден“ на режисерот Стојан Вујичиќ, кој е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и реализиран во копродукција на Лунар и Дрим Фектори, продолжува со фестивалските успеси. По неговото учество на десетина фестивали низ целиот свет, филмот ќе биде прикажан во официјалната натпреварувачка селекција на специјализираниот фестивал за детски филмови „Children’s Film Festival Bangladesh 2017“.

„Брат за еден ден“ се снимаше минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: директорот на фотографија Димо Попов, монтажерот Ванчо Мираковски, сценографијата во филмот ја креираше Влатко Зафировски, костимограф е Раде Василев, автор на музиката е Оливер Димитров, снимател и дизајнер на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Неодамна Стојан Вујичиќ го заврши својот нов краток филм „Допир“, кој својата премиера ја имаше на фестивалот Синедејс 2016 во Скопје, а го подготвува и своето деби, целовечерниот игран филм „СТЕЛА“.