Краткиот филм „Допир“ стартува со фестивалскиот живот

19/09/2017

 

Краткиот игран филм „Допир“ на режисерот Стојан Вујичиќ, во продукција на Лунар, ќе ја има својата Европска премиера на филмскиот фестивал „Switzerland International film festival“ и тоа во официјалната натпреварувачка селекција за кратки филмови.

„Допир“ е приказна за животниот пат на Алек,10-годишно аутистично дете.

Главната улога во филмот ја толкува младиот Кристијан Пауер, заедно со Дејан Лилиќ и Несрин Таир, а авторска екипа ја сочинуваат: директорот на фотографија Наум Доксевски, сценографот Владимир Зафирковски, костимографот Раде Василев, монтажерот Филип Грчевски, дизајнерот на звук Игор Поповски и продуцентот Огнен Антов.

Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија.