„Трето полувреме“ на фестивал во Прага

20/03/2013

Филмот „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски беше прикажан на овогодинешниот филмски фестивал „Фебиофест“ во Прага, Република Чешка, во рамките на програмата „Балкански Ритми“.


„Трето полувреме“ имаше три проекции во Прага на 15,16 и 17-ти март, а планирани се проекции и низ останатите градови во Чешка Република.
На фестивалот присуствуваа главниот актер Сашко Коцев и продуцентот Роберт Насков.


„Фебиофест“ е многу популарен филмски фестивал во Чешка со 20-годишна традиција. Овој фестивал освен во Прага, независно се одржува и во Словачка.

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ