„Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ награден во Египет

15/10/2012

Краткометражниот филм „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ на режисерот Вардна Тозија ја доби наградата „Сребрен Џед“ во официјална конкуренција на интернационалниот филмски фестивал во Луксор, Египет. Наградата е именувана по египетскиот хиероглифски симбол џед, кој означува стабилност, преродба, нов почеток.

               

Сценариото за филмот е инспирирано од краткиот расказ на аргентинскиот писател Фернандо Сорентино. Ја раскажува приказната за Петар, локален маргиналец и губитник, кој има се полошо секојдневие со кое не може да се справи поради својата инертност и повлеченост. Тоа трае до денот кога од никаде се појавува мистериозен, безимен и молчалив посетител, кој целосно го менува неговиот живот.