„Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на фестивал во Египет

17/09/2012

          

Краткометражниот филм „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ во режија на Вардан Тозија ќе биде прикажан во официјална конкуренција на краткометражен филм на првото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Луксор.

На фестивалот ќе бидат прикажани бројни филмски остварувања кои ќе се натпреваруваат за наградата Златен Џед.

Филмот е инспириран од краткиот расказ на Фернандо Сорентино, а ќе биде прикажан во програма на краткометражен филм и на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржува во Битола од 15-21 септември.

 

Повеќе информации за Меѓународниот филмски фестивал во Луксор, ОВДЕ