„Такви се правилата“ со награда за најдобра режија на фестивалот во Варшава

24/10/2014

 

Режисерот на „Такви се правилата“, Огњен Свиличиќ, ја доби наградата за најдобра режија на Филмскиот фестивал во Варшава кој се одржа од 10-19 октомври.

Филмот е копродукција помеѓу Хрватска/Франција/Србија/Македонија по сценарио и режија на Огњен Свиличиќ и својата светска  премиера ја доживеа на Филмскиот фестивал во Венеција.

Дејството се фокусира на Иво и неговата сопруга Маја, кои се задоволни со својот нормален и повлечен живот се додека, еден ден, нивниот син Томица не дојде дома претепан...

Македонски копродуцент е Светозар Ристовски. Филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Р. Македонија.