„Такви се правилата“ награден на Филмскиот фестивал во Херцег Нови

13/08/2015

Жирито на Филмскиот фестивал во Херцег Нови, на чело со францускиот режисер Ив Боасе, ги прогласи победниците на овогодинешното издание на фестивалот. Филмот „Такви се правилата“ во режија и сценарио на Огњен Свиличиќ беше едногласно прогласен за добитник на фестивалското Гран при „Златна мимоза“ за најдобар филм, најдобро сценарио (Огњен Свиличиќ) и најдобар актер (Емир Хаџихафизбеговиќ).

Дејството на филмот, кој е копродукција помеѓу Хрватска/Франција/Србија/Македонија, се фокусира на Иво и неговата сопруга Маја, кои се задоволни со својот нормален и повлечен живот се додека, еден ден, нивниот син Томица не дојде дома претепан.

Македонски копродуцент е Светозар Ристовски. Филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Р. Македонија.