„Три дена во септември“ на фестивал во Белград

10/02/2016

    Филмот „Три дена во септември“ во режија на  Даријан Пејовски е селектиран во програмата „Фокус Европа“ на овогодинешното издание на ФЕСТ Белград, каде ќе биде премиерно прикажан на 2 март.

    Фестивалот ќе се одржи во период од 26 февруари до 6 март под мотото „Ги брише границите“.

    Во главните улоги настапуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Салетин Билал, Милица Стојанова. Директор на фотографија е Димо Попов, сценариото е на Игор Иванов Изи и на Даријан Пејовски, а музиката е на Александар Пејовски.

    Филмот е во продукција на Скопје Филм Студио и е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.