Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Заврши снимањето на „Три дена во септември“

14/10/2014

Денес во раните утрински часови беше удрена последната клапа на „Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на младиот режисер Даријан Пејовски.

„Три дена во септември “ е замислен како психолошки трилер, а пред се како студија на два карактери кои преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Главните ликови, Јана и Марика, се запознаваат во воз и за необично кратко време се зближуваат. Одат заедно на село, во изолиран планински крај кој крие случувања од минатото на Јана. Времето минува бавно и тензично, а сомнежот за нивните вистински намери е се посилен. Една по една, тајните се откриваат.

Снимањето траеше 20 дена на локации низ Скопје, ЈП Јасен и езерото Преспа.

Улогите на Јана и Марика ги толкуваат Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски, сценариото за филмот го напишааДаријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, сценограф е Сежана Поњавиќ – Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска – Атанасовска и шминка на Симона Ристевска.

Филмот е копродукција помеѓу Скопје Филм Студио од Македонија и Иконе Студио од Косово и е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија и Косовскиот филмски центар.