Три македонски филмови на Фестивалот на европски филм во Франција

17/12/2013

Три филма од современата македонска продукција ќе бидат прикажани на годинешното издание на Фестивалот на европски филм во Арк,  кој се одржува во периодот од 14-21 декември во Франција.

„Јас сум од Титов Велес“ во режија на Теона Стругар Митевска,  „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски и  „Алерик“ во режија на Вук Митевски ќе имаат можност да се придружат на филмови од регионот кои ќе бидат прикажани во рамки на фокусот на балкански филмови.

Програмата составена од 14 филмови има за цел да оддаде чест на класичната и современа генерација на филмаџии. Ова е петто издание на фестивалот, кој има намера да прерасне  во еден од најголемите  зимски фестивали на европски филм.

 

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ