Три македонски филма наградени на Balkan Film & Food Festival

12/07/2017

 

На овогодинешното седмо издание на Balkan Film & Food Festival, кој се одржа во Поградец, Р. Албанија, награди добија три македонски филма. Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата „Best Balkan Spirit“, филмот „Борба за смрт“ во режија на Еленора Венинова ја освои награда за Најдобар краток филм – комедија, а наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Девојката што паѓа“ во режија на Владимир Лукаш. Сите три филма се реализирани со финансиска поддршка од страна на Агенцијата за филм на РМ.

Balkan Film & Food Festival, со своите седум изданија полека прераснува во значајна филмска манифестација на која што се презентираат филмските остварувања од регионот. Оваа година Македонија беше земја во фокус на фестивалот и покрај споменатите наградени филмови, беа прикажани и други филмови од поновата македонска продукција, а на 4 Јули, од страна на Агенцијата за Филм на Р.М. беше организирана и македонска вечер на фестивалот.