Утре започнува третото издание на Фестивалот за млади „Џифони Македонија“

06/10/2015

На 05.10.2015 год., во просториите на Младинскиот културен центар- горно фоаје со почеток во 11:00 часот се одржа прес конференција на која беше најавено престојното трето издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ кое ќе се одржи во период од 7ми до 11ти октомври 2015 год. во Скопје.

Прес конференцијата започна со пораката „Ајде да мечтаеме заедно. Наши најмили млади луѓе од нашата земја во престојните пет дена исполнете ги ноќите со соништа, а деновите со мечти. Џифони ве повикува овие денови да сонуваме со отворени очи сите заедно и да продолжиме по патот по кој чекориме веќе трета година. Ве очекуваме како и секоја година и оваа да ја споделите вашата креативна енергија со нас и преку филмската магија да создадеме доволно голем простор за сите ваши приказни кој ќе ве облеат со уште едно ново искуство. Џифони искуство.’’

И оваа година како и изминатите години интернационалното жири на фестивалот ќе биде составено од 600 млади на воздраст од десет до осумнаесет години поделени во три старосни категори како и фестивалот го задржува својот меѓународен карактер односно освен млади од Република Македонија, вооедно  ќе опфати и повеќе од 50 млади од 10 земји (Србија, Хрватска, Албанија, Романија, Русија, Шпанија, Италија, Сад, Франција и Белгија) од регионот и пошироко кој ќе бидат дел од жирито.

Фестивалските активности ќе се одвиваат на две локации и тоа: Јуниорите (деца од 10 год. до 13 год.) своите активности ќе ги следат во Македонскиот народен театар, додека Кадетите (од 13 год. до 16 год) и Сениорите (16 год. до 18 год.) своите активности ќе ги следат во Младинскиот културен центар.

Оваа година фестивалот го добива и за прв пат својот официјален партнер Македонски Телеком кој како Џифони пријател во текот на петте денови заедно со Агенцијата за филм на Република Македонија, Здружението за ширење на филмската култура и Giffoni Experience, Италија ќе се обидат преку филмот и богатата филмска и едукативна програма на третото издание на фестивалот да создадат уште една успешна приказна исполнеата со нови можност и нови искуства за младите во нашата земја како и младите од другите земји кои се дел од интернационалното жири.

Овогодинешното издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија‘‘ повторно ќе изобилува, пред се со голема филмска програма, едукативни работилници, еден мастер клас и многу придружни активности. Овие пет дена не очекуваат многубројни содржини кој ќе ги поттикнат младите на една незаборавна дружба, на стекнување на нови пријателства, мултикултурна рамена на искуства и можности да бидат и останат и понатака љубители на филмот и културата.

Во однос на програмата во официјална селекција во склоп на сите три возрасни категории ќе бидат прикажани вкупно 14 филмови поделени во три категории и тоа: официјална програма Јуниори, официјална програма Кадети и официјална програма Сениори. (Повеќе информации за филмовите во каталогот кој е во прилог на оваа информација)

Во однос на едукативните работилници и оваа година  програмата е создадена од различни забавни и многу интересни, креативни теми и тоа сите со една идеа – Мечтаење. Младите дел од интернационалното жири ќе имаат можност да ги збогатат своите знаења преку 12 работилници. (Повеќе информации за работилниците во програмата која е во прилог на оваа информација).

Покрај работилниците сите учесници на фестивалот од категориите Кадети и Сениори ќе имаат можност да присуствуваат на единствен мастерклас на тема: „Вовед  во создавање на професионален филм“, каде Продуцентот Огнен Антов и режисерот Стојан Вујичиќ ќе зборуваат за начините, правилата и практиките во создавањето на филм,  низ практични примери преку презентација на нивниот краток филм „Брат за еден ден“.

Освен филмовите во официјална програма ќе бидат прикажани и ревија од 10 македонски кратки младински филмови созадени од млади од нашата земја, како и 6 кратки филмови од Тимот од Хрватскиот филмски сојуз кој оваа година ќе гостува на Џифони Македонија и ќе ги води креативните работилници на тема „Филмска критика“ и „Специјални ефекти“.

Освен горенаведените активности и филмови сите деца учесници од минатата година преку новата активност Зелениот тепих ќе имаат уникатна можност во текот на секој фестивалски ден да се запознаат со филмските работици кој ќе бидат гости на  фестивалот. Оваа активност има за цел да ги доближат младите до филмските работици од Република Македонија и пошироко како и им дава можност да водат разговор со нив се со цел запознае со процесот на создавање на филмови како и со тежината на создавање на филмското дело.

Свеченото отварање на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’ ќе се отвори на 07.10.2015 год. со почеток во 19:30 часот во Градското кино Милениум  на кое ќе биде прикажан најновиот филм на  италијанскиот режисер Серџио Ассиси со наслов „Во Неапол никогаш не врне“.

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’ се одржува благодарение на потпишан договор за соработка помеѓу Агенцијата за филм на Република Македонија и Giffoni Experience, Италија а во организација на Здружението за ширење на филмска култура Џифони –М.

Институциите кои даваат своја поддршка за реализација на овој фестивал се: Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за образование и наука, Италијанската Амбасада во Република Македонија, Кинотеката на Република Македонија, Младинскиот Културен Центар, Македонскиот народен театар, Град Скопје, Општина Карпош.

Официјален партнер: Македонски Телеком

Други спонзори т.н. „Џифони Пријатели’’: Триглав, Аутомотив груп- Рено Македонија, Ментос, Капри, Јана Вода, Медиа Скрин, JVSNet, Томче Софка, Холидеј Ин и др.

Повеќе информации за програмат аможете да најдете на www.giffoni.mk