„Шумарот“ номиниран за наградата „АМАНДА“

21/06/2012

       

Краткиот филм „Шумарот“во продукција на ВЕДА Филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер  е номиниран за наградата Аманда во категоријата најдобар краток филм на Норвешкиот интернационален филмски фестивал кој ќе се одржува од 17 до 23 август 2012 година во Хеугесун, Норвешка.

Аманда наградите ќе се одржат на 17 август со телевизиски пренос во живо од  концертна сала во Хеугесун, што ќе го означи почетокот на Норвешкиот интернационален филмски фестивал, чие официјално отворање е во сабота на 18 август 2012 година.

Филмот се снимаше  во февруари и март 2012 година во селото Радуша во Македонија и е поддржан од страна на Филмскиот Фонд на Р. Македонија, Норвешката филмска школа од Лилехамер, Норвешката амбасада во Скопје и општината Лилехамер.