„Шумарот“ со уште една награда во Норвешка

05/11/2012

Краткиот филм „Шумарот“, во продукција на ВЕДА Филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер, ја продолжува својата интернационална промоција, освојувајќи ги симпатиите на публиката. Филмот, во продукција на ВЕДА Филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер, освои прва награда за најдобар краткометражен филм на 13. Меѓународен филмски фестивал во Берген, Норвешка.

    

Жирито на фестивалот, составено од еминентни членови од Западно норвешкиот филм, Универзитетот во Берген и независни филмски режисери, го одбра „Шумарот“ за најдобар филм помеѓу шест номинирани филмови во конкуренција за најдобар краткометражен филм.

Фестивалот во Берген е еден од најпознатите филмски фестивали во Норвешка, кој привлекува повеќе од 40.000 посетители секоја година, кои исто така добиваат шанса да го дадат својот глас за некој од филмовите кои се во официјална конкуренција.

„Шумарот“, кој е македонско-норвешка копродукција, е поддржан од страна на Филмскиот Фонд на Македонија.