„Шумарот“ со награда за Најдобар краткометражен игран филм во Чикаго

05/11/2013

          

Краткиот филм „Шумарот“, македонско/ норвешка копродукција во режија на Изер Алиу ја освои наградата за Најдобар краткометражен игран филм на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал за деца , кој се одржа во период од 25.10-03.11.2013 година во Чикаго, САД.

Меѓународниот филмски фестивал за деца е првиот фестивал од натпреварувачки карактер кој се одржува секоја година во Чикаго и се смета за најголемиот фестивал посветен на филмови и видео материјали за деца и млади во Северна Америка.Како единствен од својот вид, фестивалот  ги охрабрува најмладите да учествуваат директно во процесот на жирирање и да се наградат најдобрите остварувања. овозможува филмски проекции за училиштата и за пошироката јавност, го поттикнува учењето кај децата за подобро да ги артикулираат своите мисли и ставови со цел да се разберат пораките  кои ги пренесуваат медиумите, и да развијат оригинални идеи во кратки филмови.

„Шумарот“ е во продукција на ВЕДА Филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер и е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија.