„Шумарот“ добитник на АМАНДА наградата за најдобар краток филм во Норвешка

05/09/2012

Краткиот филм „Шумарот“, во продукција на ВЕДА Филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер е добитник на АМАНДА наградата за најдобар краткометражен филм на норвешкиот меѓународен филмски фестивал во Хаугесунд.

 

 

Ова е премиерно прикажување на филмот кое резултираше со успех и прва награда. „Шумарот“ е 25 минутна семејна драма во која акцентот е ставен на односот помеѓу синот и таткото. Улогите во филмот ги толкуваат 11 годишниот Бесим Муртезани и 6 годишниот Алтин Аџани.

Норвешкиот меѓународен филмски фестивал е најголемиот филмски фестивал во Норвешка, кој се одржува од 17-23 август и чија главна програма е посветена на филмовите наменети за кино прикажување. Овој фестивал има блиска соработка со норвешките и скандинавските дистрибутери во изборот на филмови за прикажување на фестивалот и на годишниот филмски маркет „New Nordic Film“.

„Шумарот“ е поддржан од страна на Филмскиот фонд на Р. Македонија, Норвешката филмска школа од Лилехамер, Норвешката амбасада во Скопје и општината Лилехамер и истиот е прогласен за норвешки и македонски.