Започна снимањето на „До балчак - приказна за Дивиот Исток“

08/05/2012

Во четврток  во село Света,  Демирхисарско ќе започне снимањето на новиот филм на Столе Попов „До балчак – Приказна од Дивиот Исток“ .  Снимањето е предвидено да трае десет недели и ќе се одвива на комплетно изграден филмски сет за потребите на филмот и ќе претставува железничка станица – контролен пункт во Отоманската Империја.

Инти Шрај, Сашко Коцев и Мартин Јордановски ги толкуваат главните улоги во филмот, кој ја раскажува суровата, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”.

Проектот е поддржан и финансиран од Владата на Република Македонија и Филмскиот Фонд на Македонија.