Македонскиот краткометражен филм „Допир“ доби финансиска поддршка од SEE Cinema Network

29/06/2016

Во текот на вчерашниот ден (28.06.2016 година) во Белград, Србија се одржа 26то Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација филмска мрежа на Југоисточна Европа - SEE Cinema Network, на која присуствуваше директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија Мими Ѓоргоска Илиевска.

На Генералното Собрание беа присутни и претставници од земјите членки од Кипар, Албанија, Бугарија, Грција и Србија кои освен тековните активности ги разгледуваа и пријавените филмски проекти кои оваа година аплицираа за финансиска поддршка на краткометражни филмови.

 Од вкупно 11 пријавени филмски проекти, претставниците од земјите членки донесоа одлука да бидат поддржани вкупно 8 филмски проекти и тоа: 2 (два) проекти од Република Албанија со финансиска поддршка во износ од 4000 евра по проект, 2 (два) проекти од Република Кипар со финансиска поддршка во износ од 4000 евра по проект, и по 1 (еден) проект од Република Бугарија, Република Македонија и Република Србија со финансиска поддршка во износ од 8000 евра.

Од Република Македонија финансиска поддршка доби краткометражниот филм  „Допир“  во режија на Стојан Вујичиќ, од продуцентската куќа Лунар Продукција кој вооедно има добиено финансиска поддршка и од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.

На Генералното собрание беше презентирана новата веб страна на филмската мрежа од Југоисточна Европа - SEE Cinema Network која ќе придонесе за поголема промоција на активностите на мрежата и осовременување на поднесувањето на апликациите, односно во најскоро време истото ќе се врши  on-line.