Два македонски филма на Bridge Film Festival

06/10/2014

На првото издание на Bridge Film Festival, кое ќе се одржи во периодот од 6-10 октомври во Косово, ќе бидат претставени два македонски филма во официјална програма.

„Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски и „Убаво време за умирање“ во режија на Сенад Абдули се дел од разновидната културна програма, составена од најуспешните остварувања селектирани од околу 1500 пријавени филмови од целиот свет.

Фестивалот има за цел да ја поттикне соработката  и да ги доближи поделените и различни општества во една поголема мултикултурна заедница, преку поврзување на луѓето и поттикнување на меѓусебната толеранција.

 

Повеќе информации за фестивалот на www.bridgefilmfest.com