Македонски филмови на првото издание на Фестивалот „Златна липа“

03/06/2013

„Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски и „Војната заврши“ во режија на Митко Панов ќе се прикажат на првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Златна липа“, кој се одржува од 1-5 јуни во Стара Загора, Бугарија.

На фестивалот ќе се прикажат 31 филм од 14 различни земји, поделени во две програми: главна конкуренција и ревијална програма. Целта на фестивалот е да прерасне во збирно место на филмски професионалци од целиот свет како и да ја промовира богатата културна и историска традиција на Стара Загора.

Фестивалот е организиран под покровителство на општината Стара Загора.

За повеќе информации http://thegoldenlinden.com/