Два македонски филма со награда на Филмски фестивал во Монако

17/05/2012

 

Македонскиот филм „Панкот не е мртов“, во режија на Владимир Блажевски, ја освои наградата за најдобро филмско сценарио на 7. издание на Филмскиот фестивал за добротворни цели во Монако, кој се одржа во периодот од 8- 15 мај годинава. Ова е единаесетто меѓународно признание на филмот, кој продолжува да ниже успеси на фестивалите ширум светот.

 

 

 

 

 

 

 

Покрај „Панкот не е мртов“  и краткометражниот филм „Недовршена приказна“ во режија на Наум Михајловски, македонско-чешка копродукција, ја освои специјалната награда од жири во конкуренција на краткометражен филм. Ова е првата официјална премиера на филмот надвор од нашата земја, како и негова прва меѓународна награда.

 

Филмскиот фестивал во Монако е добротворен настан кој се одржува секоја година во Монако, посветен на „Вирлание“ - филипинска филантропска фондација за помош на злоупотребени и запуштени деца.

 

Повеќе информации за фестивалот на oфицијалната веб страна