Македонски филмови наградени на Фестивалот на храна и филм

11/09/2013

                             

На третото издание на Balkan Film and Food Festival, кое се одржа во периодот од 2-7 септември 2013 година во Поградец, Албанија, беа прикажани повеќе македонски филмови.

„Скопје ремикс“, омнибус во режија на десет млади режисери беше прикажан во програмата Wild Balkans Competition и освои Специјално признание од жирито. Во програмата Young Balkan Competition беше прикажан документарниот филм „Трагачи по звукот“ во режија на Сузана Диневски кој ја освои наградата за Најдобар документарен филм, краткометражните остварувања „Крајот на светот“ во режија на Јани Бојаџи и „Материјал за аудиција“ во режија на Ѓорче Ставрески и анимираните „Кружно патување на сенката“ во режија на Жарко Иванов и „Играта заврши“ во режија на Зоран Мишевски. 

Преку богатата филмска програма од земјите од регионот, каде покрај со проекциите на филмовите земјите од регионот беа претставени и со традиционални кулинарски специјалитети, фестивалот има за цел да прерасне во збирна точна на филмските љубители и љубителите на уметноста, традицијата и културата на балканските народи.

 

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ