Два македонски филма на фестивалот „ДокуФест“

04/08/2014

 

 

Краткометражниот филм „Намини бар еднаш“ во режија на Косара Митиќ и документарниот филм „Меѓу два света“, во режија на Сабидин Алиу се селектирани во компетитивните програми на 13то издание на Меѓународниот фестивал за документарен и краткометражен филм „Докуфест“. Филмовите ќе бидат прикажани во официјална конкуренција во склоп на програмата Интернационални краткометражни филмови („Намини бар еднаш“) и Национална конкуренција („Помеѓу два света“).

„ДокуФест“ се одржува во перидот од 16-24 август во Призрен, Косово.

Филмовите се поддржани од Агенција за филм на Р.Македонија.

Подетално за фестивалската програма, ОВДЕ