Прво издание на Уличниот фестивал за активизам „ВРЕВА“ во Белград

19/09/2012

          

Четири краткометражни филмови од Македонија ќе бидат прикажани на Уличниот фестивал за активизам „Врева“, кој ќе се одржи за прв пат во Белград, Србија на 21 и 22 септември. „Синот“ во режија на Марко Ѓоковиќ, „Образ“ во режија на Стефан Сидовски , „Жарче“ во режија на Томислав Алексов, и „Девојчето со кибритчињата“ во режија на Филип Матевски се само дел од филмовите кои се дел од мултимедијалната фестивалска програма составена од четири програмски фокуси, преку која фестивалот на својата публика и посетители ќе им понуди можност да присуствуваат и активно да учествуваат во изложбите, презентациите, работилниците, трибините, перформансите, филмските проекции, концертите, придружени со единствена понуда на улична храна.

 

Идејата на фестивалот е преку својата богата и разновидна понуда да придонесе во подигнувањето на свеста во поглед на одговорноста и активистичкиот пристап на секојдневниот живот, и преку интеграција на делување, изразување и ангажирање во бројни едукативни и уметнички содржини да го поттикне оптимизмот, грижата за заедницата и животната средина, мултикултурализмот и толеранцијата.