Документарецот за Вања Лазарова на светски фестивали

06/10/2015

По успешната проекција на годинешното издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, документарниот филм за Вања Лазарова „Вања - со маки сум се родила“ ја почнува својата светска промоција.

Документарецот е влезен во селекција на програмата на фестивалите „Roma Cinema Doc“ во Италија и „All Seas Film Festival“ во Америка. Во наредниот период се очекуваат и нови покани за учество и на други слични вакви фестивали.

Филмот е во продукција на Медиа Броадкастинг и е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија.