„Татко“ на Висар Морина награден во Карлови Вари

13/07/2015

 Интернационалното жири на јубилејното педесетто издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Карлови Вари (3-11 јули) составено од Tim League, Angelina Nikonova, Ólafur Darri Ólafsson, Hengameh Panahi и Ondřej Zach, кои годинава ги оценуваа филмовите во главната натпреварувачка програма, му ја додели Наградата за најдобра режија на Висар Морина за играниот филм „Татко“ - копродукција помеѓу Германија, Косово, Македонија и Франција.

 

Покрај оваа официјална награда, филмот „Татко“ ја доби и наградата EUROPA CINEMAS LABEL за најдобар Европски филм  доделена од Европската мрежа на киноприкажувачи Europa Cinemas.

„Татко“ е трогателна, брутално искрена приказна за десетгодишно момче во потрага по својот татко, кој го напушта за да почне нов живот во Германија.Филмот е германско/косовска/француско/македонска копродукција, со Скопје Филм Студио како малцински продуцент од Македонија.