„Татко“ на Висар Морина во официјалната програма на Карлови Вари

03/06/2015

 

Играниот филм „Татко“ на Висар Морина се прикажа во Официјалната селекција – главната натпреварувачка програма на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, што се одржува во период од 3-11 јуни во Република Чешка, и е еден од филмовите што се натпреваруваат за главната награда Кристален Глобус.

„Татко“ ја раскажува приказната на десетгодишниот Нори кој тргнува на опасно патување за да го најде својот татко Гзим, кој го напушта и бега во Германија. Филмот е германско/косовска/француско/македонска копродукција, со Скопје Филм Студио како малцински продуцент од Македонија.

„Татко“ ја имаше својата светска премиера на 33. Филмски фестивал во Минхен каде освои три од четирите награди New German Cinema Talent за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобар актер како и почесната награда One Future.

Проектот е поддржан од West German Broadcasting (WDR), Film und Medienstiftung (NRW), German Federal Film Board (FFA), Косовскиот филмски центар и Агенцијата за филм на Македонија.