„Глас од Букурешт“ на фестивалот „Albanian Film Week“ во Њујорк

09/09/2016

 

Документарниот филм "Глас од Букурешт" во режија на Леотрим Идризи ќе биде дел од 5. издание на филмскиот фестивал "Albanian film week"  што ќе се одржи во Њујорк во период од 16-20 септември 2016 година.

Ова е приказна за Баки Имери, човекот што восхитува со својата творечка енергија и уметнички дух. Среде Букурешт,тој постојано се наоѓа меѓу врвните, елитни личности од литературата,театарот,филмот...

 Сценариото за филмот го потпишува Муарем Идризи, монтажата е на Ацо Бошковски, директор на фотографија е Бујар Пајазити, музиката е на Блерим Ќамили.

Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.