„Алерик“награден на фестивали во Германија

27/11/2014

Анимираниот филм „Алерик“ во режија на Вук Митевски освои две награди на филмски фестивали во Германија.

На Фестивалот ХХЅ во Дортмунд филмот ја освои главната награда од жирито, додека на филмскиот фестивал во Дизелдорф беше награден од публиката. „Алерик“ е во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и својата премиера ја имаше на фестивалот во Сараево во 2013 година. Филмот месецов ќе учествува и на фестивали во Холандија и Словенија.