WHEN EAST MEETS WEST: Отворен повик за аплицирање

01/10/2013

WHEN EAST MEETS WEST претставува копродукциски форум, организиран од Аудиовизуелниот центар Фриули-Венеција-Џулија и Филмскиот фестивал во Трст, Италија, наменет за финансиери и 20 селектирани продуценти со филмски проект во фаза на развој од зeмјите од Источна Европа, Италија и само годинава за земјите од Бенелукс: Белгија, Луксембург и Холандија. Во рамки на форумот предвидено е да се организираат и бројни состаноци на кои ќе бидат презентирани студии на случаи од областа на финансиерството и условите за дистрибуција во регионот во фокус.

Заинтересираните можат да ги пријават своите долгометражни или документарни проекти наменети за кино-прикажување, со испраќање на следната документација:

 -апликација ( која можете да ја преземете од www.wemw.it)

-тритмент од 5-8 страници на англиски јазик

-финансиски план

-видео материјал (тизери или видео клипови од претходните дела на режисерот)

на следнава е-мејл адреса: info@wemw.it, најдоцна до 8 ноември, 2013 год.

Одлуката за избраниот проект ќе биде објавена најдоцна до декември и на најдобрите избрани проекти ќе  им бидат доделени акредитации, стипендии и сместување во Трст и ќе ја добијат можноста да присуствуваат на EAVE European Producers Workshop, кој ќе се одржи наредната година и да се борат за WEMW Development Award.

Повеќе информации на официјалната веб страна