Филмски фестивал „Watch Out“ во Тетово

01/06/2015

 

Градот Тетово, во периодот од 26-29 маj, беше  домаќин на овогодинешното издание на филмскиот фестивал „Watch Out“, во организација на Центарот за балканска соработка „Љоја“ со поддршка од Институтот Гете.

Фестивалската програма беше составена од три натпреварувачки дела: документарни филмови, експериментални филмови и краткометражни филмови, селектирани од голем број на регистрирани пријави, меѓу кои и краткометражниот филм „Убаво време за умирање“во режија на Сенад Абдули и документарниот „Бродот што никогаш не помина“ на Александар Спасовски.

Проекциите на филмовите се одржуваа во дворот на спомен куќата на Комунистичката партија на Македонија.

Подетални информации за фестивалот на http://www.watchoutfilmfestival.com/#