Недела на Грузиски филм

16/11/2011

Филмскиот фонд на Република Македонија во соработка со Министертсвото за култура, Кинотека на Република Македонија и Грузискиот Национален Филмски Центар во период од 17 до 20 Ноември 2011 година, во Кинотека на Република Македонија организира Недела на Грузиски Филм. 
Отварањето на Неделата на грузиски филм ќе се одржи на 17 Ноември 2011 со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Р.Македонија, на адреса Никола Русински бр.1, Скопје.
По повод отворањето ќе биде прикажани два филма:

„ Улични денови “  во режија на Леван Когуашвили
„ Три куќи “  во режија на Заза Урушадзе

Грузиската делегација кoја ќе присуствува на отварањето ќе биде составена од следниве членови: Tamara Tatishvili (Директорка на Грузискиот Национален Филмски Центар), David Vashadze (Раководител на сектор за експорт и дистрибуција во Грузискиот Национален Филмски Центар), Nena Jenelidze (Режисер и реставратор на филмот Патувањето на Акаки Тсеретали во Рача - Лечкуми), Georgi Ovashvili (Режисер на филмскиот проект „Другиот брег“), Keti Machavariani (Режисер на филмот „Бел сол“).