Циклус на руски филмови во дигитализираните киносали низ Македонија

08/05/2013

 

Денес во просториите на Порта Македонија со почеток во 10:30 часот се одржа прес конференција по повод започнување на Циклус на руски филмови насловен  како “Војна и мир во рускиот филм”.

Филмскиот циклус „Војна и мир во рускиот филм“ ќе трае од 09ти до 14ти мај 2013 година и ќе се прикажува во 14 градови во Македонија во центрите за култура за кои беа набавени дигитални проектори во склоп на проектот за активирање на киносалите во Македонија инициран од Владата на Р.Македонија, Министерството за култура и Филмскиот фонд. Во рамките на овој настан ќе се прикажат шест руски филмови:

„Ѕвезда“ во режија на Николај Лебедев;

„Ослободувањето: Последен јуриш“ во режија на Јуриј Озеров;

„Летаат жеравите“ во режија на Михаил Калатозов;

„Поп“ во режија на  Владимир Хотиненко;

„Една војна“ во режија на Вера Глаголева  и

„Ние сме од иднината“ во режија на Андреј Маљуков

На прес конференцијата присуствуваа Министерката за култура на Р.Македонија, Г- ѓа Елизабета Канческа Милевска, Амбасадорот на Русија во Р.Македонија, Н.Е. Г-дин Олег Шчербак и директорот на Филмскиот фонд на Р. Македонија, Г-дин Дарко Башески.