“Кога денот немаше име” на Теона Стругар Митевска се закити со уште две награди

07/12/2017

 

Македонскиот филм “Кога денот немаше име” на Теона Стругар Митевска покрај наградата која ја понесе на Синеуропа, фестивалот на европски филм во Лече, Италија, се закити со уште две престижни награди.

На 23от Фестивал на Авторски Филм во Белград, македонскиот филм ја доби престижната награда на филмските критичари ФИПРЕСЦИ. Уште едно признание овој филм доби минатата недела на 11то издание на Мостарскиот Филмски Фестивал, специјализиран за глума - наградата за дебитанско остварување му беше доделена на актерскиот анасамбл од филмот “Кога денот немаше име.”

Филмот продолжува да патува по светот, во месец ноември беше прикажан на шест фестивали, последниот во овој месец е во Каиро, Египет. Во декември започнува со кино дистибуцијата во Белгија, и Србија, а во Словенија кино прикажувањето во редовниот репертоар ќе започне од месец Јануар.Кино дистибуцијата во Југоисточна Азија и Кина е најавена за следната година.