„Созерцание“ на репертоар на Центарот за култура - Битола

14/12/2011

Играниот филм „Созерцание“ во режија на Иво Трајков во период од 10-ти до16-ти декември се прикажува во Центарот за Култура во Битола.
Филмот својата премиера ја имаше на Скопскиот филмски фестивал во 2009 година.
„Созерцание“ раскажува приказна за Јосифовото раѓање кое е проследено со пророштво: дека ќе умре на 29 години. Тоа е точно годината кога неговите жена и син го напуштаат и кога целиот негов свет се руши. Иако пријателство со Габриел му дава ново значење на неговиот живот, тоа истовремено претставува и извор на се поголеми проблеми. Се чини дека неговата нова љубов ќе му помогне да ја пронајде смислата на животот, но секвенци од драматични настани ќе му помогнат да се промени себеси и неговата верба...... 

„Созерцание“ е ко продукција помеѓу Македонија и Чешка, ко продуцент од Македонија е продуцентската куќа  Кавал Филм.

 

Утрински:„Созерцание“ се прикажува во Битола