Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Работилница за развој на сценарија за краток филм во склоп на „Киненова 2017“

22/08/2017

 

Драги филмаџии, ве известуваме дека се приближува рокот за пријавување на проекти на работилницата за развој на сценарија за краток филм, која ќе ја води искусниот ментор Џон Стивенс, во склоп на второто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје 2017.

Сите детали за потребните документи и начинот на пријавување се објавени на фестивалскиот вебсајт: www.kinenova.com или конкретно на следниов линк: http://www.kinenova.com/mk/rabotilnici/, при што може да се пријавуваат студентски и професионални проекти во почетна или во фаза на равој на проектот.

Партнер и поддржувач на оваа работилница е светски реномирана постпродукциска компанија ФХ3Х, која како награда по втор пат ќе додели користење на најсофистицирана филмска опрема, во вредност од 3.000 евра.