Светска премиера на „Такви се правилата“ на Фестивалот во Венеција

25/07/2014

Долгометражниот филм „Такви се правилата“, копродукција меѓу Хрватска/Франција/Србија/Македонија ќе биде прикажан на 77то издание на Филмскиот фестивал во Венеција, кој се одржува во периодот од 27 август до 6 септември. Филмот е селектиран во програмата „Хоризонти“, заедно со уште 17 филмски остварувања од целиот свет.

Ова е светска премиера за филмот, по сценарио и режија на Огњен Свиличиќ. Дејството се фокусира на Иво и неговата сопруга Маја, кои се задоволни со својот нормален и повлечен живот се додека, еден ден, нивниот син Томица не дојде дома претепан...

Македонски копродуцент е Светозар Ристовски. Филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Р. Македонија.