Светска премиера на филмот „Шишка делукс“ на фестивалот во Монтреал

26/08/2015

Долгометражниот филм “Шишка де лукс”, словенечко-македонско-чешка копродукција по сценарио и режија на Јан Цвитковиќ, ќе ја има својата светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, кој се одржува од 27ми август до 7ми септември 2015.

 Улогите во филмот ги толкуваат Жига Фодрансперг, Дејвид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски, Андријана Бошкоска-Батич. Авторскиот дел од Македонија го сочинуваат Иван Бартлинг – сценограф, Жаклина Крстевска – костимограф и Горан Игњатовски – шминкер/маскер.

 Македонски ко-продуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа Кино око.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.