Светска премиера на „Доме слатки доме“ на престижниот Филмски фестивал во Карлови Вари

01/06/2016

 

 

 

Долгометражниот игран филм  „Доме слатки доме“  е селектриран да биде дел од  програмата „East of the West“, програма на престижниот интернационален филмски фестивал во Карлови Вари, кој ќе се одржи во период од 1 ви до 9ти јули 2016 година.

„Доме слатки доме“ е дебитантски проект во режија на Фатон Бајрактари и по сценарио на Зимбер Келменди. Проектот е косовско-македонска ко- продукција во кој Република Македонија  и Продуцентската куќа Арнел Продукција предводена од Сенад Абдули учествува со малцински финансиски удел. Во главните улоги настапуваат познати актерски имиња од Косово: Донат Коџа, Арта Мучај,  Шкумбин Истрефи и др. Во реализацијата на проектот автори кои беа вклучени од Македонија се: Блаже Дулев, монтажер, Дарко Спасовски- Пацки, музика и дизај на звук и Маријан Спасовски, мајстор на светло.

Филмот е приказна за воен затвореник кој добива статус на херој во своето село, и по своето враќање дознава дека голем број на луѓе профитирале од проектите направени во име на неговата „херојска смрт“.

Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија како и  од Косовскиот Филмски Центар.